Feb 10

Kако поинаку да ја означам кампањата со која ќе се печатат некои македонски писатели чии дела и без реиздавањето скапуваат под прашинестите мемливи социјалистички полици. А камо нова литература за археологија? А? Наместо книгите да се објават електронски и да бидат достапни за секој човек на планетава, тие не само што ќе не чинат прескапо, туку имаме ексклузивна чест да допринесеме и за глобалното уништување на Земјата. Не можам да замислам дека во ерата на технологијата, од мои пари (без никој да ме праша) директно подржувам да се исечат најмалку 10 шуми за овој проект.

Wood

Затоа купете си по една книга, убијте по некое дрво. Со свое дрво, па по своја глава. Ами кој – ако не свој-свој.

Толку шуми откорнати од земјата, и исечени, сомлени и ротационирани.

Tолку шуми се жртвувани за тесто од кое се прави хартија, а милијарда весници секојдневно обрнуваат внимание на опасноста од уништувањето
на шумите и дрвјата.

Жак Превер

Преамбула:

,,Како Владата да постиге успех со трите издавачки проекти”
„Луѓе на кои не им се отвора падобранот“
„Писателот Варски и други раскази”

Анекси на убиството:

Ќе исечеме дрва за 24 милиони денари
Груевски – говореше пред МК книжевна “иднина“ …

Feb 09

Анасамблот Doulce Mémoire (Нежни спомени) оригинално е формиран во 1990 година од страна на флејтистот Дени Резен Дадар (Denis Raisin-Dadre). Со текот на годините прераснува во трупа која се посветува на вокалната и инструменталната музика од Ренесансата, онаква како што ја слушале и интерпретирале Leonardo da Vinci, Michelangelo, Henry VII of England … За да ја долови звучната слика на оваа епоха, Doulce Mémoire не враќаат во времето на разните музички формации кои делувале на дворовите во XV и XVI век. Овој ансамбл кој на својот репертоар има дела компонирани за театар, фарси и мадригални комедии честопати гостува на најголемите европски фестивали во Лион, Бон, Амброна, Монтре, Утрехт, Женева, Дубровник итн. Нивната огромна дискографија насекаде е примена со големи пофалби, а добитници се и на многубројни награди.

Doulce Mémoire

Doulce Mémoire имав прилика да ги гледам во 1998та година. Концертот беше првично закажан да се одржи во Сули ан, но поради пролетниот дожд беше преместен во Музејот на Град Скопје. Морам да кажам дека дури и во такви услови (музејот не е баш компетентна околина за ваков настан) уживањето беше комплетно. Луѓето свиреа, играа, пееја и глумеа. Ме вратија назад во времето вистински да ги доживеам овие патувачки трупи токму онакви какви што постоеле на дворот на François Ier de France. Вистинска реткост е ваков ансамбл да гостува кај нас и мислам дека публиката најмногу треба да му се заблагодари на Францускиот културен центар во Скопје кое во тоа време имаше големо лоби и беше поактивен отколку што е денеска.

Мал дел од репертоарот на Doulce Mémoire можете да погледнете на Youtube, а албумот Requiem des Rois de France, на мое големо задоволство можете да го симнете тука и тука.

Feb 01

И јас да сум ти била од оние тагнатите. И тоа не е еднашка, не два пати, туку цели три пати. Благодарам за укажаното внимание. Во последно време толку се пребукирав со дизајнот на сајтов па малку ,,споро контам” што се случува по блогосферата. А сега да си ја исполнам домашната задача:

All these points are both important and deserving of further theoretical and empirical investigation, and they lead one away from a simple model of agency to a complex and difficult one. However, they are only part of the issue. What makes agency theory difficult to grasp, in my view, is not its intrinsic theoretical properties, not the conceptual refinement of concepts like habitus, structuration or action.

On the nature of theoretical archaeology and archaeological theory, Matthey H. Johnson, Archaeological dialogues, Decembar 2006|Vol.13|No.2|, Cambridge University Press.

Клучните зборови со упатство за употреба кои дојдоа via Iacovibus, би сакала да бидат проследени од:

*Флебур * Ненад Јовановиќ * Алекс Букарски * Ана Пејчинова * Ицко *

- земи било каква книга која се наоѓа во твоја непосредна близина, а која има над 123 страници
- отвори на 123-та страница
- прочитај ги (не мора на глас) првите пет реченици кои почнуваат на таа страница
- следните три реченици (после тие пет) запиши ги на блог
- наведи ја книгата и авторот
- тагни пет следни блогери