Jun 02

Белоглави орли
на липите свети чувари
речно крајбрежје и тесни
планински патеки.
Во свеста тлее, согорува
виорот на ордите од јунаците
незнајни.

Со јазик нерастолкуван
свети тајни низ сино-зелени
сонови
Крв разорна низ
карпестите процепи
неспознаени чекори кон нови
почетоци.

Во сипарот зад амбисот
над карпите и пропаста
во вистинската Матка
создадена од природата
стои гордо староседелец
нескротлив Пајонец.

Bookmark and Share

1 Коментар на “Пајонец”

  1. oksimoron Напиша:

    Ух….. баш археолошка поезија :)
    Преубава плетенка од зборови мила
    Неспознаени чекори кон нови почетоци……… ;)

Напиши коментар