Sep 20

 

Го назабив сечилото на времето
со броеница од мисли
во душата заглавена.

Додека денот бавно се подгрбавува
накиснат од горчливи клопчиња
на зборови во желудникот

изгубени
недоносени
нанижани
сирови
никогаш недокажани,
неискажани сништата се тркалаат

пред моите очи изчезнуваат
на ткаеното платно од животот.

Напиши коментар