Oct 20
Во светот се е во живо, хаотично и бескрајно движење, какви што се и нашите мисли. Од нашите мисли зависи и нашиот свет. Брзината со која ги менуваме е брзината со која се менува и нашата перцепција. За светот и за самите себе. Се од нив се пресликува во реалноста. Што повеќе happy ours во нашите мисли, тоа повеќе радост во реалноста. Но за да го видите сопствениот одраз, вашето второ јас, потребно ви е најмалку едно огледало. Она, кое не може да се купи во продавница.
Она истото огледало низ кое се прекршува перцепцијата. На крајот веројатно ќе се добие ефектот од сликите на Пикасо, во ситуација каде со стаклест поглед како низ скршена призма си се гледате себе си. Како ја набљудувате сопствената рефлексија.
Или тоа се само мислите за неа…










October 21st, 2008 at 4:27 pm
Nikako nemozam da go zabelezam izleguvanjeto na nekoj tvoj tekst, a uste pomalku da izkomentiram. A be ne me saka kompjuterot, ili mozebi zaradi haos u dvizenje
Pozdrav Arheo