Nov 22

Посакав желба
во сон замислена
со розев меур обвиткана
под мојата ДНК спакувана
каде сенките човечки танцуваат,
во ритамот на патешествијата.

Момент перфектен
скоро запечатен
во бројката која спојува
илјадници еони
и милијарда честички љубовни.

 

 Во денот кога не се сретнавме
а молкум зборови подарувавме
во крепкоста моја
си уловив воздишка
од тага потикната, со чувства исткаена.

Во денот кој е умерен
последен
ден кој истекува
се преобразува
како свилена буба се вткајува
неповторлива
како џумка трага остава
ме жигосува
ме предупредува …

Посветена на сите луѓе кои ми недостасуваат