Dec 17

Лице и наличје
на моите мисли
во двојна слика
пресликана
кршена, прекршувана
со допир создадена
со мисла оттуѓена
со надеж измачена
на прилагодувања
***
кај првото полиња, храм
и планини
кај второто едреник
од бои бледолики
третото е бесшумно
четврото ме запечати
***
со лекција научена
која не дава мир
да го скротам
она кое разорува
она што смирува
***
во сонот кој одзема, додава
освојува, поседува
ја ископав совеста
како патина од метал
како талог од вино
и вел на света тајна
***
во момент перфектен
скоро запечатен
со игри космички
мисли прашинкасти
никогаш непресушни

Dec 06

 

Ете на кого сум ве потсетувала сето ова време :))