Jan 08

Намерно
ме фрли во мисла
да ми ја заробиш дилемата
а јас простум
без зборови стоев
оставајќи своето да го стори
мудроста.
Се скрив од мене, од себе
и наздравив
со солзите од вино
за ароматичните отпечатоци
кои прават талог
на дното од чашата
за нови предизвици.