Jan 17

Толку многу пишувам, толку многу излегло од мене, што заборавам и што сум напишала веќе. Одамна научив да ги оттуѓувам речениците… да не ги препрочитувам, за да не мора по втор пат да ги преживувам … Да не проаѓам низ истото искуство.

 

Низ телото ми шетаат милион мали клучиња кои отвораат, затвораат и пропуштат луѓе, идеи, сништа … соништа и сеништа. Под сенките човечки танцувам, во ритамот на патешествијата. Се обидувам да ја скротам мојата ДНК, бидејќи некој или нешто … се обидува да ја промени. Мислите поминуваат низ моите крвни жили и ги оштететуваат засекогаш оставајќи трага во вид на зборови. Ако некогаш и некаде ме сретнеш, знај, тоа не сум јас. Тоа е искуството низ кое си поминал додека си ги читал овие редови.

Напиши коментар