Feb 06

Вчера собрав сончогледи
со грстови од светлина напоени
со линии изрецкани кои правеа
топлината да биде вечно свежа.

Денес собирав летни сонови
како ѕвезди распрнати во ноќи бескрајни
Простум зборови недокажани
чекаат потпрени да бидат изречени

Утре ќе собирам спомени
од далечни мирисни години
од градини пред стотина години
за кротки приказни во спокојство раскажани

А сега…

сега ги преслакам мислите со емоции
зборувам стихови во кодови
регрутирам мисли и концентрација
и во стомакот носам насмевка.
Тоа не е секогаш, туку само понекогаш.
Но токму баш сега е тоа некогаш.