Mar 28

Ти си причината поради која од време на време мојот микрокосмос се менува. Сето тоа е последица кога ќе ти се случи неверојатен перформанс, кој ќе го измести од колосек моето либидо. Кога секоја твоја сугестија за стратегија вродува со плод. Кога стрпливо ми пружаш адекватна ментална подлога и ти успева да ми ја форматира матрицата. Кога генерираш неверојатно интересни идеи и ти успева да ме расположиш.

 

Ми ги сруши воспоставените критериуми за естетика и етика. Ме мотивираше да го патентирам секое мое мислење. Ме измачуваше провокативно, неодоливо и во исто време привлечно. Не ми ги раскршуваше зборовите од ѕидовите и не ме цензурираше заради мојот темперамент. Со сите мои тајни беше загарантирано дискретен. Ме научи да владеам со себе, за да бидам победник во секоја битка. Ме ослободи, а при тоа не му се спротистави на целиот свет.

И кога не настојуваше да ме стекнеш како пријател, туку да ми бидеш пријател, едно утро ми рече, мојата идеологија е посилна од целата твоја животна филозофија. И си замина.

Напиши коментар