Apr 03

Патувам стално…патувам многу и скоро секогаш му се враќам НЕМУ.

Постојано се прашувам на тие патувања, дали можам да ги врежам во своето сеќавање сите тајни недопрени, улици неизодени, стапки недоследени, љубови неоткриени. Да ги запишам сите воздишки неиздишани, соништа неотсонувани, можности пропуштени…

Не ми пречи да сум сама во ова петочно утро и да ви ја раскажувам мојата прикаска. Затоа што постои само еден сојузник кој никогаш не ми откажал состанок. ТОЈ, кој е моето второ јас, никогаш не ми откажал ниту верност. Секогаш бил љубезен, страствен, заштитнички расположен. За сите овие години тој бил единствениот љубовник, единствениот партнер, единствениот пријател кој останал со мене.

Единствениот кој не ми попувал, се грижел, ме гушкал, ме бакнувал, ме заштитувал, ме успивал, ме будел … ТОЈ, кој отсекогаш за век и веков бил моја судбина. Оној кој молчеливо ме пречекувал од сите моите патувања и секогаш дозволувал после секоја можност да му се вратам, е исклучиво само мојот град. На него посветив многу лични есеи и тие се само мој мал скромен придонес кон сите оние луѓе што сакаат “да го силуваат” нашето Скопје.

Мистериите на древниот град Скупи
Упатство број 343 – како да го уништите сопственото културно наследство (случајот со Бразда)
САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3
Промашени туристички проекти – Скопје – град на седумте порти
Големите Мајки Богинки – култ или…
Турбето во Алаџa-џамија – Скопје
Семантичка архитектура
Розовиот столб на киното “Култура”
Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек?
Есенска симфонија во топли бои
Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор
Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје
ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ
Старо Скопје во ново руво – промоција на web site
По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ?
Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia
Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа
Метаморфозите на Скопското Кале
Серијал: Аквадуктот во Скопје
Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не?
Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосветлен

Напиши коментар