Apr 27

Што има Тибет? Тибет има свои лами, монаси и манастири. Има своја висорамнина, свои Јангце, Хоанхо, Инд и Ганг. Своја традиција, јазик, империја, знаме. Свои воени конфликти, своја книга на мртвите … Но Тибет има и свои практични ритуали.

Tibetan rites

Секое тело има седум енергетски центри или чакри. Визуелно можеме да ги замислиме како невидливи енергетски полиња кои се вртат. Секоја чакра  е во одредена врска со седумте ендокрини жлезди во човечкото тело. Познато е дека овие хормони управуваат со сите телесни функции, вклучувајќи го и процесот на стареење. Не сум сретнала некој досега што не сака да остане ,,вечно млад“, и покрај тоа што знаеме дека процесот на стареење е неминовен и природен.

Тибетантските ритуали или популарно наречени Т5Т (The Five Tibetans) не претставуваат ништо чудно и мистично. Тоа се всушност пет мали практични вежби кои се од огромно значење за нашето тело бидејќи ги раздвижуваат сите негови витални делови со едноставни и елементарни движења. Тибетанците се вежбаат независно од полот, возраста и пропратните болести. Биле практикувани со стотици години наназад пред да ги открие ,,белиот човек” од Западот.

Ritual de lo habitual

Кажете ми колку пати дневно правите дома ритуали? Пиење на кафе, туширање, местење на косата. Па дури и преслекувањето на мислите е своевиден ритуал. Колку пати сте биле во дилема да го промените својот ритуал, неговиот редослед, па ако сакате и неговиот крај? И ако имате некоја ,,лоша” навика запрашајте се зошто ви служи? А што би се случило ако се ослободите од неа или евентуално ја замените со некоја подобра?

 

Ритуалот како ритуал има своја психолошка вредносна единица доколку не му робувате. Може да стане корисна навика под услов да останеме свесни за неговите предности. Психолозите пресметале дека некоја работа да прерасне во навика, потребно е да се повтори точно 21 пат. Тибетанците исто така се повторуваат 21 пат. Very very happy coincidence, I would say. :)

Тибетанците ги научив одамна од Чен. Чен ја паметат веројатно сите кои вежбаат tai chi cuan во Скопје, а богами и многу луѓе кои живеат во Стар и Нов Аеродром. Честопати имаше обичај да пешачи покрај кејот на Вардар во овие населби движејќи се наопачки, наназад со едно стапче во раката кое стално го моташе. Чен замина (мислам во Романија) но ни го остави своето наследство кое веројатно го носела во својот ген со генерации. Честопати велам дека многу паметни работи дошле од истокот, а Тибетанците се веројатно една од најмоќните за добробитот на целото човештво.

Short description

Вежбите се практикуваат во непарен број (по 3,5,7 пати …) се додека не се стигне до бројката од 21 пат за секој ритуал посебно. Во почетокот додека телото се навикне потребно е да се почне со вежбање на секој ритуал барем по три пати дневно, а потоа може секоја следна недела да зголемувате за по два пати без лимитирање во кој период од денот се прават. Важно е да се работат последователно, но доколку некој не може да извежба некој од ритуалите, може да се изостави. Тибетанците се вежбаат без некој поголем напор и се прават со онолку енергија колку што може да вложи телото.

Reccomendation

Првото нешто на кое треба да внимавате, тоа е вашето тело оти треба да ве служи до крајот на животот. Во здраво тело здрав дух, нели вели старата поговорка. Со секојдневно практикување на тибетанците се подобрува не само вашето физичко, туку и емоционално, ментално и спиритуално ниво. За почеток можете, но и не морате да го посетите вашиот лекар за консултација, но секако би било добро да се информирате што всушност претставуваат овие пет мали вежби. Колку што ми е на мене до сега познато, единствен извор на податоци за овие прастари тибетантски ритуали кои претставууваат клуч за одржување на младоста, здравјето и виталноста е книгата Фонтана на Младоста од Петер Калдер која ја аплоудував во две верзии (со српски превод). Па не чекајте нешто да ве заболи. Само напред, подобро е било што да се спречи, отколку подоцна да се лечи.

5 Коментари на “T5T – Петте Тибетантски ритуали”

  1. Дона Органџиева Напиша:

    … Ги практикувам веќе година и половина, редовно секој ден. Претходно, еден подолг период (година-две) патев од панични напади на хипохондрија, вртоглавици, страв од отворен простор, секоја внатрешна/надворешна сензација ја чувствував пренагласено, се плашев да ги практикувам моите хата јога вежби и тн. Секако, не можам да тврдам дека само “петте тибетанци” ми помогнаа да ги совладам овие проблеми, зашто практикувањето не можам да го гледам во изолација… Веројатно и конзумирањето на алгата спирулина има своја улога (можно е да сум патела од недостиг на витамин Б12) … Освен тоа, имунитетот значително ми е подобрен и процесот на детоксикација на организмот е многу брз (алкохол, цигари и сл.)

  2. Тајната на долговечните Тибетанци – 5те Тибетантски ритуали за беспрекорно здравје (Видео/Фото) | MKnews.mk Напиша:

    [...] Превземено од блогот на Василка Димитровска – ЛИНК  [...]

  3. Тајната на долговечните Тибетанци – 5те Тибетантски ритуали за беспрекорно здравје (Видео/Фото) | BabinLek Напиша:

    […] Превземено од блогот на Василка Димитровска – ЛИНК  […]

  4. Silvana Peshovska Напиша:

    Vo red se prektikuvani se i gi preporacuvam.

  5. Тајната на Тибет – 5те Тибетантски ритуали за беспрекорно здравје (Видео/Фото) | BabinLek Напиша:

    […] Превземено од блогот на Василка Димитровска – ЛИНК  […]

Напиши коментар