May 16
Луѓе
раскорнете ја коскарницата
нека се затрчаат черепите
низ стрмните падини
на Кајмакчалан.
Велат,
на каменот изгорела тревата,
мајката го исплакала синот,
времето ја заборавило мајката.
Јас не знам кој со кого
и кој за кого во кој ден,
се кренал духот како магла
што пасе ноќе по присоите . . .
Дошле преку отворено море
да го срушат својот бран,
на Кајмакчалан.
Можеби до черепот лежи
черепот на тој што убивал,
черепите се слични
со каменот.
Јас не знам кој со кого
и кој за кого во кој ден,
но ова чудо од коски
ме плаши!
Оние кои не ја разбираат поезијата, имаат избор да не ја читаат. Но за оние кои ја сакаат, поезијата на Јован Котески е задолжителна литература.











May 16th, 2009 at 1:49 pm
Знаеш кога го посетил некој од колегите поети во Идризово му рекол: Ќе направам да излезиш од затвор доколку дадеш ветување дека нема да пишуваш повеќе песни. Нема идеологија, се е лично. Поздрав.
May 16th, 2009 at 2:58 pm
Коскарницата или костурница кој како сака и ако ја посетил, таа на Кајмакчалан мислам дека ќе се сложи со поетот… треба да се раскорне растури по падините на планината. Во една дупка како атомско скривалиште одма под врвот на Кајмакчалан селектирани се бутни коски на едно место, па черепи и така натаму…. мислам дека не им е местото таму