Dec 09

Секој негов поглед го доживував два пати. Како чудна гравитација со „силна концентра(к)ција“ и поинакво движење под привидниот немир на страстите. Како слика, кршена, па повторно прекршувана низ зеницата ми се прелеваше во илјадници бои милозвучни. И потоа повторно се спојуваше во еден од оние сонови на времето. Во мојот духовен лов каде лавиринтите од навиките се беа напатиле, менував сложувалки од сите мои распаднати делови. Репликите ми се распрснуваа низ призмата на мислата. Мирисот издишуваше, воздухот создаваше, секоја моја болка питомо ја спласнуваше. Во годината без дно, кога дождот пере сеќавања, немав намера да вечерам зборови. Требаше да ги потрошам.

А се што имав намера е да те прашам, што сакаш ?