Dec 15

… Веќе два дена се мачевме да ги стокмиме за да не ги оштетиме. Лупата, ракавиците, пигментите и позлатата на иверките од рамките … каменот, ликот, писмото  … Ме ограничуваше присуството на кислород. Ги спремаме за депото. Пред очите ми поминаа фазите од градбите и сведоштвата на следните генерации. Ако не постоел, тогаш би требало одново да се создаде. Манастирот го напуштивме пред поклонението. Монахот само ја наведна главата. Под качулката се натопија брчките кои раскажуваа вдахновени приказни. За момент се поколебав. Никој повеќе нема да ги види прекрасните икони сликани со болни очи од кои капела виделина и писанијата од графитите за болната жена кои полека бледнееја. Денеска ја дадов заклетвата. Се е вечно и зачмаено. Утре ќе го раздолжам дневникот. Во него останаа белешките за транскрипцијата. Нив веќе ги зедоа толкувачите на соништата …

Не си земај за зло да помислиш и дека е вистина, иако може да е сѐ само фикција …