Jan 07

Некогаш беше приказна, па празни зборови, а сега …

Стоиме
ти како причина
јас како последица.

Микрокосмос кој
од време на време се менува.

Твоја сугестија за стратегија
вродува со плод
кога раскршуваш зборови од ѕидови
форматираш стравови
и рушиш воспоставени критериуми
За пријател ме стекнуваш
ослободуваш а при тоа
не се спротивставуваш

Стоиме
ти како причина
јас како последица.

Заминуваш.
Тојата идеологија е посилна
од целата моја животна филозофија.

2 Коментари на “Причина”

  1. Vlado Janevski Напиша:

    Vo filmot za Mocart imase edna scena kade imperatorot mu veli na kompozitorot: ubavo e no nekako mi se cini deka ima premnogu noti… Vo slucajov mi se cini deka ima premnogu zborovi sto zavrsuvaat na ash – na primer: raskrsuvash, formatirash itn. No sepak, ubava pesna…

    Pozdrav ;-)

  2. Arwena Напиша:

    Благодарам на коментарот. Едноставно морав да го споделам/плукнам. Ми стои како заглавено во гркланот.

    Но токму тоа -аш наликува на -иш, нели… ? Изчезнува, го снемува … :)

Напиши коментар