Jan 07

Понекогаш размислувам
ако не те сретнев
ќе морав да те создадам
со думи и шепоти пурпурни
име да ти дадам, да те обликувам
со аманет да те прстенувам
и да те задомам

за да не те изгубам

под сонцето над житјата
каде клетви демнат под сенките
и секој збор и мисла
со крв се запечатени
страстни и алови
со воздишки отсонувани
а сепак благословени
таму далеку
кај едни луѓе во една земја..

6 Коментари на “Македон”

  1. kihuПотру Напиша:

    нема потреба ништо да смениш, одлична е!

  2. Археолошки дневник vol.3 » Македон Напиша:

    [...] Оригинално постиранио на мојот сајт [...]

  3. Vlado Janevski Напиша:

    Odlicno… no vistinito :)

  4. Arwena Напиша:

    Благодарам на коментарите. Едноставно морав да го споделам/плукнам. Ми стои како заглавено во гркланот. :)

  5. Arwena Напиша:

    Kihu Potru,

    Песната претрпе промени во согласнот со времето и тегобите во кое живееме.

    Vlado,

    тажно, но сепак вистинито. Постојано велам ако нешто не се запише – нема ни доказ дека тоа постои. Затоа пишувам белешки … за да не се заборави …

  6. Ана Напиша:

    Додека ја читав морници ми поминаа .. ми се допаѓа.

Напиши коментар