Feb 08

,,Кој е вкусот на вашата личност?”

- праша тој.
И почна да ги јаде
своите емоции.

,,За Аполо или Салома се решивте”?
,,Знаете…
Бојата е острица
и служи за одбрана.”

,,Ах не”- реков
,,убавина и уметност
е како соба 
со ѕидови
поставена во морето.”

,,Добро тогаш
за вас една окерина,
препорачувам,
и една капка
вознемирена абсорпциja

*     *     *     *    *

Кога посакав да го купам единственото парче на хумор ми рекоа дека е продадено. Било антивитет од претходниот милениум.

6 Коментари на “aнТИКВИтети”

  1. Vlado Janevski Напиша:

    Vasilka, pesnata e ubava. Navistina mi se dopadna. Edinstveno posledniot del, onoj posle zvezdickite, lici na epilog i ne znam dali voopsto e potreben. Nekako ne se vklopuva (ima sosem poinakva atmosfera), barem mene taka mi se cini, so pogorniot del. Vsusnost, eksperimetiraj malku i probaj da go stavis t.e vklopis t.n. epilog na pocetokot na pesnata i vidi kako ke zvuci.
    Pozdrav :)

  2. kihuПотру Напиша:

    премногу е силен моментот со собата и нејзините ѕидови. прекрасно..
    јас избирам виолетови рамки за оваа слика :)

  3. Arwena Напиша:

    Мала игра со зборови Владо.

    Всушност никогаш не сум се одвоила од она што го работам. Само сакам на поинаков начин да допрам до него. Фала за сугестиите, експериментирам јас, не дека седам со скрстени раце. :)

  4. Arwena Напиша:

    Еx Митко, ни се случува на сите нас да останеме заробени помеѓу ѕидови кои немаат потпора, а се доволно силни да не ограничат. Најубавата уметност е палетата на емоциите. Таа како и природата, тешко се врамува. :)

  5. aurorarosa Напиша:

    ”Кој е вкусот на вашата личност?”

    прашање кое нема цена но ја одредува тежината на одговорите, смелоста на духот, разиграноста на изборот

    убавината е храна за сетилата,
    напиј се без да ја испиеш и да се опиеш,
    чувствувај без да ја допреш…

    ми се допаѓа Василка, навистина прекрасна игра на зборови, на впечатоци…
    убави мисли на едно место

  6. LOLITA Напиша:

    како соба
    со ѕидови
    поставена во морето

    Fabulous

Напиши коментар