Dec 02

Таа вечер преспавме во планинарскиот дом. Утрината ми се јавија да ме известат дека тргнуваме на терен, да си ги припремам белешките. Повторно ќе ја бараме некрополата. Толку многу прстени печатници морало да припаѓаат на храбри воини. Амблем, скорпија, бронза, глава, печат. Да е прстенот носен на десната рака, на показалецот, покојникот би имал витешко потекло. Ако некој човек од овие краеви се здобил со таква титула, тоа најмалку било три колена пред да биде закопан. Локалниот мајстор веројатно му ја доделил работата на некој чирак, оти врежувањата од нејасните мотиви се веќе излижани. Редот на скорпионите бил формиран од самиот крал, но ја немале таа привилегија да се вратат дома. Биле погребани според обичаите, носејќи го ‘печатот’ на времето и симболот од местото од каде доааѓаат. Одломка од сакралното, ни дава слика за световното. Ете зошто сакаме да копаме гробови!

Прстенот се киснеше во растворот. Седевме фрапирани и слушавме. Професоре, Вие навистина имате харизматична дарба да го оживеете минатото. Би биле одличен писател, да не бевте археолог! Каде ли заминуваат сите нераскажани приказни за археологијата?

Не си земај за зло да помислиш и дека е вистина, иако може да е сѐ само фикција …

2 Коментари на “Теренски белешки (8)”

  1. Ване П.Секулов Напиша:

    Не спиев таа вечер во планинасрски дом, се сеќавам убаво иако беше 1991 година, спиев дома и никој не ми јави дека треба да се оди некаде затоа што веќе една недела траеја ископувањата на некрополата во Водоча. И не се сеќавам баш на престенот од тој гроб бр.295 затоа што беше кородиран и не се гледаше преставата на скорпионот но и заради тоа што во тој гроб покрај десната страна од черепот имаше и боздоган шестоперец и кој во тој момент ми беше далеку поинтересен. И на кој заедно со, сега веќе покојниот, колега Јован Ананиев многу му се радувавме. Како и на сите други наоди во текот на 11те години кој ги поминав со него ископувајки ја некрополата во манстирот Св.Леонтиј кај се. Водоча, Струмица.

  2. Arwena Напиша:

    Драг колега,

    ако добро си прочитал, ова се само приказни кои ги афирмираат археолошките наоди од Република Македонија. Под секоја белешка пишувa: ‘Не си земај за зло да помислиш и дека е вистина, иако може да е сe’ само фикција …’

    Каде ли навистина заминуваат сите незапишани археолошки приказни ;)

    Поздрав до тебе :)

Напиши коментар