Mar 06

Мартинката

oбично двобојна

црвено-бела амајлија

плетена, шиена или од волна, памук предена

во тивка квечерина или пред изгресонце

со љубов изработена, за здравје дарувана,

на ревер прикачена или на рака износена

со поглед кој бара птица преселница

или бел камен или дрво расцветано

по старински

од тело симната, за природата закачена

со боја испреплетена како симболика

со јасна порака, за иднината

 

Моите мартинки (март, 2016год.)

Моите мартинки (март, 2016год.)