Mar 08

Осумнаесеттиот ден од ископувањето, во третиот културен хоризонт, налетавме на фрагменти од фрески. Во аголот од сондата, на место кадешто не би требало да ги има. Најдобриот професорот на светот стоеше видно загрижен над ископините и не ги разбираше зборовите од необичниот текст. Ги врткаше низ рацете, ги составуваше, нешто запишуваше, ама да ги одгатне не му успеваше. Многу долго откако ги снема и него и фреските, една вечер, ги отворив теренските белешки. На дното од кутијата стоеше преклопено писменце. И таму видов опис на артефактите, со бои рачно припремани, со упатство заборавено, со звук на ѕвона и чардаци и со музика од ангелски мегдани. Со глаголи од псалми, аманети помеѓу клесани камења создадени, растолкувани, a од времето заборавени.

Никола Пијанманов - фреска

Никола Пијанманов – фреска (преработена во мозаик)