Jun 02
Белоглави орли
на липите свети чувари
речно крајбрежје и тесни
планински патеки.
Во свеста тлее, согорува
виорот на ордите од јунаците
незнајни.
Со јазик нерастолкуван
свети тајни низ сино-зелени
сонови
Крв разорна низ
карпестите процепи
неспознаени чекори кон нови
почетоци.
Во сипарот зад амбисот
над карпите и пропаста
во вистинската Матка
создадена од природата
стои гордо староседелец
нескротлив Пајонец.
Mar 02

вечерта кога се случи преображението усните го бараа најблискиот врат со претчуство злокобно патетично или автентично како црн облак лебди чудно шушка завива обвива покрива стресува мртва клетка растревожува денот кога привремено си пристутен постојано со дух отсутен низ процепот од космосот воздухот се распрснал земјата ја прегрнал со демонски сили очи посребрени од блесокот на мечот дават отсјај во водата што се дави во капките гужва од луѓе не оставаат да заспиеш злобни мисли продорен поглед ќе се видиме ние уште еднаш.

Клучни зборови: monster, evil, feeling, death, friends, deducation, монструм, зло, чувство, смрт, пријател, посвета
Feb 25
Носам аманет на челото
втиснат печат јасно видлив жиг.
Знам од каде доаѓам
и каде ме праќаат
Го давам своето сведоштво
да остави печат на времето,
се жигосувам себе си по душата
никогаш во животот да не заборавам
на кого припаѓало
тоа што вредело.
poetry, blog, macedonian, phenomenon, поезија, блог, македонски, жигосана

тоа се само гени?
photo bt: Wojciech Grzanka
Recent Comments