Aug 05

Кога го градеа манастирот

Мајсторите окна направија

Лачни.

Низ нив
Болката им влегуваше
И троа виделина
Од очи што им капеше.

Најсетне,
Очите кога им истекоа
Рој светулки и ѕвезди
Го населија манастирот
И се распршаа по
Сводот.

Михаил Ренџов – Нерези, пролетта 81

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , ,

May 30

Солзи од вино
не знае за студенило
да
црното сака собна температура
а јас сакам црно
тешко
темно
аголов каде се скрив
да наздравам
нема за што
ќе спијам
лажев
пиев за мене
мислев на тебе
чисто
другарски
се скрив
плачев
со солзи од вино
ги нема
тоа виното ги стопи
во стих
на собна температура
замижав и те бакнав
во градата
другарски
сега пак пијам
не кажав
пишав

не плачи

homemade by Рибаро

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , ,

Jan 28

Од челикот на витезот
змејот гине
Од жестината на ураниумот
жилата гори
од острината на сулфурот
соколот се гуши
Бистрите потоци
се желба дамнешна
дрвјата расцветани
се имагинација поетска
од очите на срната
остана само симболика
Но земјата се затресе
под бунтот животински
со телото на земјата
вибрирам и треперам
од галопот на мустанзите
од стампедото на бафалата
од пукањето на корените
од крикот на потопените
Слава и чест
на храброста и жртвата
во битката последна
против злото човечко

( на планетата земја и сиот жив свет)

Од Блогот на Душко Гошевски


Толку шуми откорнати од земјата, и исечени, сомлени и ротационирани.

Толку шуми се жртвувани за тесто од кое се прави хартија, а милијарда весници секојдневно обраќаат внимание на опасноста од уништувањето на шумите и дрвјата

Жак Превер

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , ,