Сакрално

Feb 17

Дали би сакале еден ден од животот да го поминете под маска? Да шетате така низ градот, неговите улички, да седнете на кафе на плоштадот, да се измешате со илјадниците луѓе и да флертувате без да бидете препознаени. :)

Еден од популарните настани во светот кој ви дозволува да бидете личност за која само границите на фантазијата се лимит, а притоа да останете анонимни, е Карневалот во Венеција. Според официјалниот саjт, историјата на оваа прослава веројатно е многу поранa од првиот пишан податок кој датира од 1268 година. Во текот на своето постоење, само во два наврата се случило да не биде одржан настанот кој оваа година покрај другото, одбележува 300 години од раѓањето на Карло Голдони, венецискиот драмски писател.

За Карневалот е кажано многу, исто така напишано поприлично, и покрај тоа што може да се видат маски со најразлично потекло, сепак одстанува фактот дека убаво би било секој од нас автентичноста да ја почувствува лично. И да го разбуди можеби паганското во себе.

За презентацијата која е од 2006 година му благодарам на мојот пријател Алеш од Словенија, и воедно ја користам можноста да го поздравам него и неговата фамилија.

Feb 07

Оплакување на Христос, фреска Нерези, Скопје (1164 година)

„Оној што некогаш ја затвори бездната сега мртов се гледа и завиткан во смирна и плаштаница Бесмртниот како смртен во гроб се полага, а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, велејќи: ’Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос Кој заспа, по три дена ќе воскресне’.“

На сите православни и римокатолици, пријатели, читатели или попатни минувачи низ мојот блог, им ги честитам Велигденските празници. Нека ви е само за арно, и за многу години.

Христос воскресна, навистина воскресна.

Jan 14

Можеби е ова термин кој повеќето од вас ќе ве збуни, но секако е јасен исто како и оној оригиналниот - Обрезание на Исус Христос. Тое е еден од 12-те големи празници, и се слика по црковните канони после Благовештение и Раѓањето на Исус.

Според стариот еврејски обичај, машкото дете по раѓањето, на осмиот ден се носело во црква, каде се обрезувало при што потоа добивало име. Доколку не се случел овој адет Евреинот кoј не е обрезан се сметал за нечист и не можел да биде член на Еврејската заедница.

Но на 13-ти Јануари според Јулијански календар не е само Обрезанието Христово. Тоа е денот кога се слави православната Нова Година (т.е. Стара Нова година) и ден кој е посветен на Св. Василиј Велики.За ова славење се имам изјаснето во еден предходен текст.

Планиравме за Василица да одиме со брат ми во Вевчани, и на кратко да скокнеме до Милешево на локалниот карневал. Ама него го кутна current influenca и не ми се оди сама без некој поуздан етнолог. Бидејќи сигурна сум дека од сите етнолози на терен, тој ден брат ми ќе беше најтрезниот. Епа така требало изгледа да биде. Ќе си го изгледам Карневалот на телевизија (вчера имаше директен пренос на МС) , а вие ќе си пребарате на гугл нешто за читање.