Jul 24

Пред некој ден шетајќи низ градот, имав сосема случајна можност да го сретнам проф. Владимир Величковски, кој додека студирав ми предаваше некои од предметите поврзани со уметноста. Со него носеше една актовка, а во неа архивиран бројот на Нова Македонија, од 2. Јуни 2010 година, во кој пишува за неговиот поклон кон рок ѕвездата Боб Дилан.

Инспириран од музиката на Дилан уште од рани години, следејќи ја неговата кариера повеќе од четири децении, проф. Величковски насликал повеќе од 30 портрети на познатиот пејач, и како што можев да забележам, неговиот восхит е се уште со несмален интензитет. For the record, Дилан поклонот го примил кога го одржа концерот во Скопје, како дел од неговата светска турнеја.

За оние кои не знаат, Владимир Величковски покрај тоа што е ликовен критичар и теоретичар на современата уметност и редовен професор на Катедрата по историја на уметноста на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, тој исто така е и сликар кој честопати изложувал, групно и поединечно. А некои негови платна кои сум имала можност да ги видам, мене лично ептен ме бендисуваат.

Линк до написот: Скопје ќе се запише во концертниот ветер на Дилан

Feb 27

Ретко постирам од музиката која ја слушам, па затоа решив во овој пост да ви претставам две дами по чие влијание сум последните неколку години (покрај Bjork, PJ Harvey и мн други) и една необична група. За денеска ги одбрав Lidia Pujol (Шпанија) и Ane Brun (Норвешка) кои имаат свои профили и fan page-ови на фејсбук, а песните можете да им ги најдете по интернет доколку сакате да ги преслушате. За разлика од спокојната лирика на овие две дами, од друга страна Dionysos се француска група која покрај тоа што има интересни песни, една од работите кои ги дефинираат на француската алтернативната сцена се – необичните спотови.

Apr 17

Вчера вечер ја гледав Македонската филхармонија како за прв пат го изведува Концертот Аранхуез (Concierto de Aranjuez) од шпанскиот автор Хоакин Родриго (Joaquín Rodrigo). Со многу умешност, но и доза на резерва сепак нашите филхармонисти успејаа да ја доловат атмосверата на шпанските лирични ритми, инспирирани од Градините во Аранхуез, место каде Родигез и неговата сопруга по нивната смрт се погребани. Овој концерт кој му донел светска слава на Родригез е напишан во 1939 година, а добива на “тежина” ако се знае фактот дека авторот бил слеп од својата трета година и сите свои дела ги пишувал со помош на Браевата Азбука.

 

Кратка рецензија за концертот.