Apr 25

Pinkeye’s Twisted Jewelry е блогот на една од најкреативните хрватски блогерки, која во 2006 година во финалето на Zlatnа polugа, ја освои наградата за Најдобар млад дизајнер на накит.

 

Ина својот накит го работи од фирм, едена варијанта на полимерна глина, (нешто како пластелин) кој после печењето ја задржува својата форма. Како асесоари употребува буквално се што ќе и дојде до рака, а може да се носи како накит.

Просурфате малку по нејзиниот Twisted Jewelry World и откријте според мене еден феноменален, прекрасен, креативен, свеж и магичен свет. Ем башка, и коментарите и одговорите на блогот, се многу духовити.

Поздрав Ина … само така продолжи :)

Jan 10

Со изложбата на слики од Пикасо во Софија која започна пред еден месец и со претстојнава изложба на Хуан Миро во Белград, имам чувство дека уметноста од светски ранг не само што поминува покрај нас, туку и не одминува.

Изложбата на Хуан Миро (Joan Miró) во Кнез Михајлова, во т.н. Шпански културен центар е една од работите кои не би требало да ги пропуштите во животот. Човекот кој во својот живот не бил само сликар туку и склуптор, керамичар, графичар како и изработувач на мурали и таписерии се смета за еден од најголемите светски претставници на апстрактното надреалистичко сликарство. Неговата лирска фантазија и ирационални форми довеле до една навидум дисторизрана уметност како одраз на своевидната реалност. Бил воодушевен од пештерската уметност и од праисториската склуптура.

Сликите на Миро се наоѓаат во повеќе светски музеи, а тој е автор и на муралот “Wall of the Moon and Wall of the Sun” кои го краси еден од ѕидовите на зградата на UNESCO во Париз. Неговата таписеријата која се наоѓаше во Светскиот Трговски Центар во New York City (Кулите Близначки), се смета за едно од најскапите загубени дела за време на нивното уривање.

Според некои историчари на уметноста означен како главен претставник на органското кило на надреализмот, Миро лично за мене има дела кои се одликуваат со многу фантазија и хумор. Но исто така и дела кои се пребогати со знаци и симобли чие толкување бара разбирање на заплетканите лавиринити од потсвесното. А јас тргнувам за Белград во моето лично паташествие, за да ги откријам…