Mar 15

Mar 06

Базарот на македонски ракотворби обично се одржува барем еднашка со сигурност во декември во Чифте Амам, а понекогаш и на други места низ Скопје и Македонија. Овој пат од мотото “Македонската жена како бастион во македонската традиција” пролетниот базар на македонски ракотворби во организација на асоцијацијата Деница ќе се случува од 03 до 08 март во галеријата КИЦ . Многу пати го имам посетувано овој базар и можам да кажам дека од година на година не само што е поброен и посодржаен, туку приметливо е присуството на многу млади луѓе кои тргнуваат по стапките да ги обноват старите и изумрени занаети во нашава држава. Само кога би имале малку повеќе разбирање од Владата за сопствената култура и традиција, оваа манифестација би прераснала во нешто повеќе отколку да биде само еден саем, пазар, или продажно изложбена привремена поставка која се шета таму-ваму.

дел од мојот личен накит купуван на овие базари

п.с. КИЦ немаат своја веб страница.

п.п.с. а артизаните немаат свој простор во центарот на градот каде перманентно би ги изложувале своите ракотворби и со тоа би го свртеле вниманието кон нашето духовно и културно-историско наследство.

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , ,

Mar 04

Тема: Младите влијаат
Датум: 6 март 2008 (четврток)
Време: 20:30,
Место: Културeн центар “Точка”

Изложба на фотографии: “Младите влијаат”

It`s stolen from Gjole, but still you can vote for it.

Изложбата е од хумантирен карактер. Со купување на фотографија или разгледница се инвестира во подобрувањето на условите во училиштето за деца со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје.

Клучни зборови: , , , , , , , , , , ,