Mar 19

Не ми личи да бидам скромна кај мене на блог, па само ќе кажам дека пред вистински да се случи печатењето на оваа книга, јас веќе еднашка го посакав тоа. Свесна сум за своите предности и за своите мани. Но најмногу од се сум свесна за квалитетите кои ги поседувам како човек и како археолог. Беше само прашање на време кога еден дел од Археоблогот ќе се укоричи. Некогаш и некаде. Иако тој виртуелно ќе продолжи да постои се додека постои и Интернетот. :)

Арехолошки дневник

Мислам дека успешно ја одбегнав замката сите овие години да бидам само уште една репликација на македонските весници и секојдневието кое не опкружува. Се надевам успеав барем делумно во обидот на сите вас да ви ја пренесам идејата дека археологијата не е само наука за минатото и мртвите луѓе. Дека е присутна помеѓу нас во секое време и во секаков облик. Всушност с(ветот)е околу нас е археологија. Е сега доста е со хвалоспеви за мојот блог, туку…

Би сакала да напоменам дека во овој случај се работи за своевиден културен фeномен веројатно во светски размери, бидејќи заедно со ,,Археолошки дневник” од печат треба да излезат уште 13 книги на 13 македонски блогери во Едицијата – Блог-записи, зад кои стои издавачката куќа ,,Аквариус” од Скопје. Според издавачот – Блоговите кои влегуваат во оваа едиција се внимателно одбирани, ја презентираат разноликоста на нашиот блогерај: раскази, поезија во проза, лични видувања на теми од политика, секојдневие, општество, археологија, патувања… Сите книги се во Б6 формат, а бројот на страници варира од 60 – 120.

Мртвите херои на нашата иднина No friends no family Авгански дневници

Последниот македонски хакер Патот на душите Од Cabaret до Oz Мисли на празно срце

Пуфлините коцкички Не е сè како што изгледа Антиблог за Филип Петровски Мајмунска стапица

Светлата страна на готиката Кога нема ништо

Морам да кажам едно големо браво за храброста на еден издавач ,,да верува” дека нешто што е напишано во виртуелниот свет, ќе им се допадне и ќе ги заинтересира луѓето од реалниот свет.

Благодарам што сум дел од оваа едиција.

За точниот датум на промоцијата, ќе бидете дополнително известени.

 

п.с. А честитки примам во секое време. :)

Mar 06

Можете ли денешниот ден да го опишете со седум или со помалку од седум зборови?

Не знам, еве јас би пробала – концентрација, циркулација, манипулација, мапа, состојба, поглед, победа.

или

Четврток. Бев до гробишта. Промена на свеста.

Блогот Today: In Seven Words Or Less покрај Хемингвеј, својата инспирација како многумина други автори, си ја нашол на веб порталот за литература насловен како FanStory.com. FanStory.com е социјална online пишувачка заедница (една од многуте од таков вид) формирана во 2000 година, на која можете да читате, да пишувате, рецензирате, да се натпреварувате, или просто само да се дружите.

Ако сте автор, пишувате или имате преведено на англиски некои од вашите дела, можете да си отворите акаунт и да ги поставите на овој портал. Во најмала рака она што ќе го добиете се барем една бесплатна рецензија од самиот портал, неколку илјади коментари на читатели, или пак некоја парична награда од постојаните конкурси кои ги има во секое доба.

Линк: FanStory.com

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Feb 10

Kако поинаку да ја означам кампањата со која ќе се печатат некои македонски писатели чии дела и без реиздавањето скапуваат под прашинестите мемливи социјалистички полици. А камо нова литература за археологија? А? Наместо книгите да се објават електронски и да бидат достапни за секој човек на планетава, тие не само што ќе не чинат прескапо, туку имаме ексклузивна чест да допринесеме и за глобалното уништување на Земјата. Не можам да замислам дека во ерата на технологијата, од мои пари (без никој да ме праша) директно подржувам да се исечат најмалку 10 шуми за овој проект.

Wood

Затоа купете си по една книга, убијте по некое дрво. Со свое дрво, па по своја глава. Ами кој – ако не свој-свој.

Толку шуми откорнати од земјата, и исечени, сомлени и ротационирани.

Tолку шуми се жртвувани за тесто од кое се прави хартија, а милијарда весници секојдневно обрнуваат внимание на опасноста од уништувањето
на шумите и дрвјата.

Жак Превер

Преамбула:

,,Како Владата да постиге успех со трите издавачки проекти”
„Луѓе на кои не им се отвора падобранот“
„Писателот Варски и други раскази”

Анекси на убиството:

Ќе исечеме дрва за 24 милиони денари
Груевски – говореше пред МК книжевна “иднина“ …