Jan 12

Се засолнив под стреата
меѓу столбовите здивот ми се заледи
од мермерот, а ветрот
немирот го крадеше
додека поривот думата ја вардеше

Те замислив покрај водата
каде морето земјата ја бакнува
со завет од три печати на тишина
мислата вековна ја следеше
судбината се раѓаше
ти се издигнa
четвртиот печат остана

кај морето, кај карпата, кај странецот …

Apr 04

Јас плачев
над глава светлина ми капеше
за рака фатени
под миросувањето поминавме
Влегов меѓу ѕидините
со писанијата од псалмите

часовникот отчукуваше
ветрот запре, но умот се движеше

не сетив кога ме изнесоа

повеќе не стапнав
до целта стасав
и молчев тажна на патот без премин
и чекав да дојде редот на тебе!

04.04.2010 Недела (Велигден)

Mar 11

Razumeli smo se
bez pogleda
preseko si moj svet na pola
i ostavio polovinu
da drži ravnotežu
između mojih snova

И благодарам на Сузана оваа моја песна преведена на српски јазик да ја постави на својот сајт за поезија.