Feb 08

,,Кој е вкусот на вашата личност?”

- праша тој.
И почна да ги јаде
своите емоции.

,,За Аполо или Салома се решивте”?
,,Знаете…
Бојата е острица
и служи за одбрана.”

,,Ах не”- реков
,,убавина и уметност
е како соба 
со ѕидови
поставена во морето.”

,,Добро тогаш
за вас една окерина,
препорачувам,
и една капка
вознемирена абсорпциja

*     *     *     *    *

Кога посакав да го купам единственото парче на хумор ми рекоа дека е продадено. Било антивитет од претходниот милениум.

Jan 07

Некогаш беше приказна, па празни зборови, а сега …

Стоиме
ти како причина
јас како последица.

Микрокосмос кој
од време на време се менува.

Твоја сугестија за стратегија
вродува со плод
кога раскршуваш зборови од ѕидови
форматираш стравови
и рушиш воспоставени критериуми
За пријател ме стекнуваш
ослободуваш а при тоа
не се спротивставуваш

Стоиме
ти како причина
јас како последица.

Заминуваш.
Тојата идеологија е посилна
од целата моја животна филозофија.

Jan 07

Понекогаш размислувам
ако не те сретнев
ќе морав да те создадам
со думи и шепоти пурпурни
име да ти дадам, да те обликувам
со аманет да те прстенувам
и да те задомам

за да не те изгубам

под сонцето над житјата
каде клетви демнат под сенките
и секој збор и мисла
со крв се запечатени
страстни и алови
со воздишки отсонувани
а сепак благословени
таму далеку
кај едни луѓе во една земја..