Mar 28

Влегување во Ерусалим

Стоиме: Тој пресветол

Јас темен. Одеднаш:
Водите се отворија
Дверите се затворија.
Од душата тогаш
Пркнаа славеи
И исчезнаа зад ѕидиштата.

Значи: влегов во Ерусалим?

Не, не влегов јас
Од таму ме изнесоа.

Михаил Ренџов – Нерези, пролетта ‘79

По воскреснувањето на Лазар, влегувањето на Исус Христос во Ерусалим е уште еден од многубројните знаци одредени според старозаветното пророштво. Цветници се празнуваат во неделата пред Воскресението и сигурно претставува најдраматичниот празник меѓу Дванаесетте големи празници. Го означува почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото наречена уште “Страсната Недела”: моментот од влегувањето на Исус Христос во Ерусалим па се до Воскресението. Овој настан би требало да се датира веројатно некаде околу 33 година кога Исус Христос пристигнувајќи во близина на Ерусалим им заповедал на двајца од своите ученици од блиското село да најдат и доведат младо магаренце.

„Учениците отидоа и го извршија она што им беше заповедал Исус: ги доведоа магарицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Исус седна на нив. Голем број луѓе ги постилаа своите облеки по патот, други кршеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа на патот. А народот што врвеше пред Исус, како и оние што одеа по Него, воскликнуваа, извикувајќи: Спаси не сега, Сине Давидов. Благословен е тој што доаѓа во името господово. Спаси не сега Ти, Кој доаѓаш од небесните восочини“ (Матеј 21, 6 – 9).

За многу години да ни е празников

Среќни Цветници

Jan 14

Можеби е ова термин кој повеќето од вас ќе ве збуни, но секако е јасен исто како и оној оригиналниот – Обрезание на Исус Христос. Тое е еден од 12-те големи празници, и се слика по црковните канони после Благовештение и Раѓањето на Исус.

Според стариот еврејски обичај, машкото дете по раѓањето, на осмиот ден се носело во црква, каде се обрезувало при што потоа добивало име. Доколку не се случел овој адет Евреинот кoј не е обрезан се сметал за нечист и не можел да биде член на Еврејската заедница.


Сретение Господoво
Икона од XII век од иконостасот во манастирот “Св. Катерина” во Синај

Но на 14-ти Јануари според Јулијански календар не е само Обрезанието Христово. Тоа е денот кога се слави православната Нова Година (т.е. Стара Нова година) и ден кој е посветен на Св. Василиј Велики. За ова славење се имам изјаснето во еден претходен текст.

Многу нелогичности постојат околу термините за празнување на некои традиционални празници во православниот свет. Следејќи ги минатогодишните постовите на Кибицер – “Грегоријански v.s. Јулијански календар“, и на Волан – ,,Крив ни е календарот“, и јас да се произнесов по повод ова прашање. Во средновековното фрескосликарство исто како и во црковните канони, си постојат правила и редоследи како се сликаат некои икони и циклуси кои останале непроменети стотици години. Покрај другите, еден од највпечатливите циклуси е и оној на ,,12 Големи празници”. Тој почнува со: ,,Благовестие”, потоа со ,,Раѓање Христово”, ,,Сретение”, ,,Крштевање на Исус Христос”, итн…

Редоследот по кои се сликаат сцените е истиот оној кој е запишан во Новиот Завет. Чинам малку повеќе ни се изместиле репериве за прославување, зошто прво ја славиме Нова година кога Исус (веќе роден) го обрезале во храмот (т.н. Обрезание на Господ Исус Христос), за да неколку дена подоцна го славиме и официјално неговото Раѓање. Така да навистина нашето славење го гледам како крајно нелогично.



Сретение Господово
Црква Св. Ѓорѓи, Старо Нагоричане (кумановско), 14 век

Во продолжение накратко ќе ги опишам канонските правила како се слика и како можете да го препознаете Христовото Сретение во византиските цркви.

Во храмот под “небото” со купола стои трпеза, на која се гледа златна кадилница. Тука Св. Симеон Богопримецот го држи на раце бебето Христос и го благословува. Наспроти него, во близина на трпезата, стои Богомајката и му ги пружа рацете. Позади неа е Јосиф кој држи два гулаба. Малку подалеку од нив е пророчицата Ана која покажува на Христос и држи хартија со зборовите ,,Ова младенче ги создаде небото и земјата“.

May 28

Денеска некако ми тргна со афирмација на македонското културно богатство. Во овој случај се работи за статијата на Катерина Богоева од Утрински Весник насловена како Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ држи чекор со времето.

 

Значи сепак ако се сака, може да се пишува и вака. :)

Линк до статијата


Препорачани линкови:- Манастир на свети Јоаким Осоговски – Крива Паланка
- Мeѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“
- Чествување на македонските светители, испосници и исцелители
- Останати статии од весници и блогови преки – Најди