Е-книги

Каде сè има македонски е-книги за симнување?

Во недостаток на научна литература и книги поставени во електронска верзија на интернет кои би биле бесплатни и слободни за превземање по легален пат, се соочуваме со огромен проблем. Дефицитарноста на содржините на македонски јазик ги принуди интернет читателите да читаат на некој од нам сродните јазици, или пак доколку ги пронајдат, да ги читаат делата во оригинал.

Потребата и огромниот интерес на интернет публиката за симнување на е-книгите поставени на сајтот Криејтив Комонс Македонија отвори еден нов начин во комуникацијата писател –> дело –> читател.

Ако знаете уште некој линк, ставете го во коментар или пак на вашиот блог со линк до овој пост. Да поработиме заедно на градење збирка од линкови

превземено и преработено
од оригиналот на Развигор