Feb 27

Од круцијално прашање е колку може апстрактната уметност сама по себе да биде наративна, бидејќи нужно не мора да ја следи траекторијата на објектите. Во уметноста идејата на концепцијата како матрица која се реплицира има многу поголемо влијание отколку самото дело како личен отпечаток на уметникот врз платното. И тоа е она кое отсекогаш ми се допаѓало.

Може ли апстрактната уметност, навидум најаполитичната од сите видови визуелни уметности, да пренесе политичка порака/содржина? Апстрактна уметност во една ничија земја со констектуализиран идентитет, поставена на билборд.

Дали застанувате понекогаш пред билбордите да погледнете што има на нив? Или ги одминувате незабележувајќи ја пораката која ја пренесуваат. Дали билбордот е уметност? Секако дека е штом окупира дел од вашето внимание и предизвикува фокус на визуелно набљудување, а понекогаш и уживање. Што би се случило ако како подлога за овие билборди се искористат медиумите? Поточно новинарските текстови на политичките теми во Македонија и на поглобално ниво се обработат прво наративно, а потоа апстрактно?

Дали тогаш овој комерцијално узурпиран јавен простор би бил поатрактивен ако се ослободи за уметнички намени? Дали знаете кој е сопственик на овие простори за билбордот и за што се би можел да биде искористен?

Јас поставувам прашања, но одговорот моментално се наоѓа на две места. Едното е раскрсницата помеѓу улиците ,,Св. Климент Охридски” и ,,Илинденска”, а второто е Културниот центар „Точка“, каде на 28 февруари 2008 година ќе биде отворена самостојна изложба на дигиталниот уметник Зоран Попоски, насловена „Апстрактна политика“.

Зоран Попоски - Дигитална графика од циклусот „Апстрактна политика“

Препорачани линкови: Изложба во „Точка“ #///# Проектот ,,Јавен Простор”

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Feb 23

Ах, тамам кога мислев дека е крајот на нашата нација, ние го започнавме својот љубовен танц со ѓаволот. Ова е само почеток на крајот. Почеток на создавање на една безлична мозочна маса. Ќe се создаде супериорен народ за која нема да има порази, но нема да има ниту победи. Нема да има ни надеж, зошто целата меморија за човештвото ќе биде избришана. Или повторно напишана во името на некои повисоки цели. Ќе не тренираат да се бориме за да можеме еден ден да бидеме слободна нација, во рамките на сопствената држава. Мајсторите за уништување на срца, убивање на надеж и закоравување на чувствата. Од утро до мрак, се да се пепелоса, пак ќе се роди неказнето од ,,маѓепсаниот круг”. И никогаш за ништо нема да биде предоцна.

Сакаат да не направат дел од колективното несвесно, за да можат да управуваат со нас свесно. Трансверот на сопствената реализација ќе го гледаме како дел од целината, на која само физички ќе и припаѓаме. Фатени во стегите на машинеријата која меле живо месо, секој обид за револуција ќе биде мит. Одамна отсонуван и изманипулиран со реалноста. Ќе живееме во стварноста, ама не во онаа нашата. Целта на НАТО е само една: The end of Hystory, The end of Time, The end of Family, The end of Crime.

THE END!!!

This will be the end, my friend.


Ретко пишувам на тема политика, но тоа не значи дека не ја разбирам. Само се обидувам да ги продолжам моментите кога верувам во своите критериуми. Зошто кога јас ќе бидам на потег, веројатно мојот крик ќе биде последен на светов.


Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , ,

Oct 16

Ниту еден човек не е сам за себе на овој свет. Сите сме ние дел од континентот, дел од земјата и ако морето однесе грутка земја од копното, тоа само навидум ќе биде полесно. Всушност однела еден огромен рид на кој секој од нас кога ќе се качи на врвот слуша како бијат камбаните. Само за него.

Немам воља за ништо денеска откако ја слушнав веста за смртта на Тоше. Нека му е лeсна земјата, а на неговата фамилија и го изразувам своето сочуство иако е ова премалку за страданијата кои тие ги доживуваат.

За некои луѓе како да НЕ постои господ. Да не поверувам дека толку мил човек роден под таква ѕвезда ќе си замине.

Навистина немам што да додадам …Sad

Вечна му слава!!!

Taгови: , , , , , .


Книга на жалост, за изразување сочувство:

http://tose.krusevo.gov.mk/

Страница на спомени и сеќавања:

http://tose-proeski.memory-of.com/


Благодарност до Новица кој ја постави комплетната дискографија на Тоше на интернет. Кој има желба, торентот може да го симне тука.