писмо

Oct 06

(необјавена песна)

 

Нема збор без своја слика.

Ако сликата не ти го каже зборот,

Ако гласно не ти го прочита,

Како ќе ја видиш сликата

И како ќе му поверуваш на зборот?

 

Зборот без слика не се гледа,

Сликата без збор не се раскажува.

 

Тие секаде одат заедно

Како една безвремена светлина

што постојано нè грее,

Се троши

Но никогаш да се потроши

 

Петре М. Андреевски

(21.08.2006)

 

песната е превземена од Рибар блог

За ралика од нашиот државен врв кој не се дрзна да му оддаде никаква почит на Петре М. Андреевски, блогерите со огромна респект го испратија еден од великаните на македонската книжевна реч. Почивај во мир, ти кој ни донесе безвременски моменти.

, , , , , , ,

Sep 16

Ќе се надоврзам на постот на Кибицер за Сумерското писмо.

За сега, за најстар пишан извор се смета глинената плочка од Киш (Сумер) на чие лице и позадина се наоѓаат врежани сликовни натписи - пиктограми. Тие ги содржат знаците за глава, рака и нога, за сеидба и вршидба и за некои броеви.

На ова писмо на плочки, му претходел ситем на едноставни ознаки врежани на површината од една шуплива глинена кугла. Во неа се држеле мали глинени знаци кои представувале различна роба (кози, овци, грнчарија итд). Можно е Сумерците и предxодно да имале слично рудиментирано писмо напишано на органска материја, но за жал тоа не е сочувано.

Исто така постои веројатност Сумерците да не го измислиле први писмото, туку да го превземале од некој постар, се уште неидентификуван народ кој ја населувал Месопотамија пред нив.

Зошто? Затоа што во Тартарија (Трансилванија-Романија) откриени се слични плочки со скоро идентични пиктограми кои по C14 датирањето се покажале постари од оние во Киш. Некои научници почнаа да ја форсираат теоријата за настанок на писмо во оквирот на Винчанската култура.

Но…

Како стојат за сега работите, без обзир дали ќе се докажат или не почетоците на писменоста кај Винчанците, сигурно е дека Сумерците биле тие кои го развиле и потполно го усовршиле појмовното писмо, за на крајот да го претворат во систем на знаци со се поизразени фонетски карактеристики.

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .