Jun 27

Празни зборови

, , , , , , , , , , ,

May 30

Солзи од вино
не знае за студенило
да
црното сака собна температура
а јас сакам црно
тешко
темно
аголов каде се скрив
да наздравам
нема за што
ќе спијам
лажев
пиев за мене
мислев на тебе
чисто
другарски
се скрив
плачев
со солзи од вино
ги нема
тоа виното ги стопи
во стих
на собна температура
замижав и те бакнав
во градата
другарски
сега пак пијам
не кажав
пишав

не плачи

homemade by Рибаро

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , ,

Sep 09

Picasso woman-armchair 1913

Кирилицата во моите букви

офкаше,
а јас се прашував
како да им наметнам на глаголите
естетика?

Песната, кентаурот
и дрвото со јаготки
демографија на една салата
и 3 аршина психоделија.

Сенката на обелискот е голема
колку што е должината на
една
скандинавска ноќ
а гревот од пред 5000 денови
замре во моментот кога
те поместив во просторот.