Солзи од вино
не знае за студенило
да
црното сака собна температура
а јас сакам црно
тешко
темно
аголов каде се скрив
да наздравам
нема за што
ќе спијам
лажев
пиев за мене
мислев на тебе
чисто
другарски
се скрив
плачев
со солзи од вино
ги нема
тоа виното ги стопи
во стих
на собна температура
замижав и те бакнав
во градата
другарски
сега пак пијам
не кажав
пишав
…
…
не плачи

homemade by Рибаро
Клучни зборови: poetry, blog, macedonian, tears, wine, dedication, Ribaro, поезија, блог, македонски, солзи, вино, посвета, Рибаро

Кирилицата во моите букви
офкаше,
а јас се прашував
како да им наметнам на глаголите
естетика?
Песната, кентаурот
и дрвото со јаготки
демографија на една салата
и 3 аршина психоделија.
Сенката на обелискот е голема
колку што е должината на
една
скандинавска ноќ
а гревот од пред 5000 денови
замре во моментот кога
те поместив во просторот.











Recent Comments